1. Како е дефинирана процената во Законот за проценка?
Процена е процес на определување на цена, одностно определување на пазарна вредност на предметот на процена, од овластен проценувач, во случаите определени со закон или по барање на заинтересирано лице- нарачател. 2. Во кои случаи, според законот за процена се врши процена на вредност? Процената се врши во следниве случаи: -пренос на правото на сопственост, -определување на вредноста на капитал во случаи во кои доаѓа до промена на вредноста и структурата на капиталот и при статусни измени, -стечајна постапка и ликвидација, -пребивање на побарување, -постапка за експропријација, -оданочување со даноци на имот, -инвеститорски консалтинг и -во други случаи предвидени со закон 3. Што е овластен проценувач? Овластен проценувач е трговец поединец или трговско друштво кое поседува лиценца за процена за определена област издадена од надлежен министер. 4. Што е проценувач? Проценувач е лице кое има положено стручен испит за проценувач и е вработено кај овластен проценувач на работи од областа на процената. 5. Што е лиценца за проценувач? Лиценца за процена е документ издаден од надлежниот министер од соодветното министерство со кој се потврдува дека овластениот проценувач ги исполнил условите за вршење на процена за определена област. 6. Што е дисциплинска постапка? Дисциплинска постапка е постапка за утврдување на одговорност на овластениот проценувач за сторена повреда на одредбите од Законот за проценка и Кодексот на етика за проценувачи. 7. Кои се основните начела кон кои проценителот треба да се придржува при вршењето на проценка? При вршењето на процената овластените проценувачи се должни да се придржуваат кон следниве начела: - законитост, - стручност, - чесност, - непристрасност, - професионалност, - независност, - самостојност, - економичност, - одговорност, - совесност и - ефикасност. 8. Кој е периодот на важност на извршена процена? Процената важи една година сметано од денот на поднесувањето на извештајот за извршена процена. 9. Што е ревизија на процена? Ревизија на процена е вршење на проверка на веќе изготвена процена од овластен проценувач под услови и на начин предвидени со законот за процена. |
1.Што е тоа енергетска ефикасност?
Енергетската ефикасност е намалување на трошоците и потрошувачката на енергија без намалување на комфорот, без загрозување на здравјето, без негативно влијание на развојот, водејќи сметка за општиот интерес. 2.Кои документи постојат кои се однесуваат на енергетската ефикасност на еден објект? Сертификат за енергетски карактеристики на згради, Потврда за усогласеност, Извештај за енергетска контрола и Елаборат за енергетска ефикасност. 3.Кои документи се обврзувачки според законската регулатива? Потврдата за усогласеност за добивање на Одобрение за градба и Сертификатот за добивање на Одобрение за употреба и се однесуваат на нови објекти. Доколку сте ИНВЕСТИТОР кој гради куќа или прави реконструкција/доградба, за сопствени потреби Можете со Елаборат за енергетска ефикасност, како основа за изведба на објект полесно да се определите со најмала инвестиција да добиета најголеми заштеди на енергија, или пак редоследно да спроведете инвестиции. Доколку сте ФИРМА која гради станови за продажба Според законот мора да поседуватe Потврда за усогласеност за добивање на одобрение за градба и Сертификат. Според законска обврска најниска енергетска класа е класата Ц. Повисока енергетска класа значи додадена вредност на вашиот финален производ, а тоа значи повисока цена и повеќе клиенти. Доколку сте СОПСТВЕНИК на стан или куќа Најдобро е да направите енергетска контрола за да се утврди како се користи енергијата, можностите за заштеда, вредност на инвестицијата итн. Таа може да е проследена со Извештај за енергетска контрола, кој е официјален документ со што може да добиете Сертификат за енергетска класа. Доколку вашиот стан имаат повисока класа на енергетска ефикасност полесно ќе може да ги издавате и продавате објектите. Доколку сте КОМПАНИЈА која сака да ги намали трошоците за енергија За да сте поконкурентни треба да направите Енергетска контрола со која би ги виделе можностите за заштеда и инвестирање. Дополнително преку изработка на Енергетска Контрола може да добиете Сертификат, кој може да биде и ваша маркетиншка алатка за социјалната одговорност. |